11/11/2007
ТИРАНА, Албанија -- Aлбанија ќе ја изгради својата прва нуклеарна централа откако владата го одобри проектот на американското претпријатие Вестингхаус, објавија во петокот (9-ти ноември) албанските медиуми. Премиерот Сали Бериша рече дека наскоро ќе бидат усвоени безбедносни регулативи поврзани со генерирањето на нуклеарната енергија. Според „Гардијан“, струјата што ќе се генерира во нуклеарката ќе се користи главно за извоз и за да стане Албанија регионална енергетска супер-сила. Италија, како и остатокот од земјите на Балканот, се споменати како потенцијални клиенти на идната нуклеарна станица. Италијанскиот премиер Романо Проди се очекува да ја посети Тирана на 3-ти декември, на разговори околу плановите за албанската нуклеарка. (БГНЕС, Гардијан - 10/11/07; MИА - 09/11/07)