08/11/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Техничарите го исклучија реакторот на нуклеарната централа Чернавода во средата (7-ми ноември), кога инструментите покажаа дека истиот почнал да произведува радиоактивен материјал. Портпаролката соошти дека нема опасност за луѓето или животната средина. Техничарите што работат на проблемот очекуваат за неколку часа повторно да го вклучат реакторот. Изграден пред околу десет години, реакторот произведува 12 отсто од електричната енергија во земјата. Канадско и италијанско претпријатие го изградија вториот реактор во истата нуклеарка и го пуштија во употреба минатиот мај. (AП - 07/11/07)