Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романија се залага за план на ЕУ за интеграција на Ромите

07/11/2007

БУКУРЕШТ, Романија -- Претседателот Трајан Башеску во вторникот (6-ти ноември) ја повика ЕУ да подготви програма за интегрирање на ромското малцинство, по убиството минатата недела на една жена во Рим, наводно од страна на млад Романец од ромско потекло. Случајот ги залади односите помеѓу двете земји. „Мораме да признаеме дека најсериозните проблеми се поврзани со романските граѓани од ромско потекло“, рече Башеску во интервјуто за Романската државна телевизија. Обидите тие да се смират се осудени на пропаст поради тоа што „номадскиот стил на живеење е дел од нивната култура“, додаде тој.

Во другите вести од вторникот, комесарот за правда на ЕУ, Франко Фратини, ја пофали Романија за напредокот во примената на стратешките судски реформи, велејќи дека „ситуацијата се подобрува во изминатите три години“. Минатата година владата одобри акционен план за судските реформи и борбата против корупцијата. (Meдиафакс - 07/11/07; АФП, БНР, Hotnews.ro - 06/11/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's