19/10/2007
ПАРИЗ, Франција -- ЕУ нема да ги поврзе напорите за решавање на конечниот статус на Косово со разговорите за влез на Србија во ЕУ, му рече во четвртокот (18-ти октомври) во Париз францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер, на својот српски колега, Вук Јеремиќ. Кушнер, сепак, потврди дека процесот на пристап во ЕУ ќе биде потежок ако не биде решен статусот на Косово. Тој ја потврди силната поддршка на Франција за влезот на Србија во ЕУ.
Исто така во четвртокот, српскиот претседател Борис Тадиќ рече дека неговата земја не би можела никогаш да го трампа Косово за побрз процес на пристап во ЕУ, истакнувајќи дека процесот на статусот и интеграцијата во ЕУ се две неповрзани прашања. Претходно оваа недела министрите за надворешни работи на ЕУ ја одложија одлуката за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација со Србија до крајот на месецов, со цел да ја слушнат оценката за нивото на соработка на Србија со Трибуналот на ОН за воени злосторства. (Taнјуг, РТС, Бета, Ројтерс -- 18/10/07)