Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Турски генерал предупреди за штетата во односите со САД поради ерменската резолуција

15/10/2007

AНКАРА, Турција -- Висок генерал на земјата во неделата (14-ти октомври) предупреди дека односите со САД би можеле да претрпат ненадоместлива штета ако американскиот Претставнички дом ја усвои резолуцијата со која убиствата на Ерменците за време на Првата светска војна се прогласуваат за геноцид. „Воените врски со САД нема никогаш повеќе да бидат исти“ ако биде усвоена резолуцијата, рече генерал Јашар Бујуканит во интервјуто за еден локален весник. Демократите во Домот се решени да ја стават мерката на гласање, и покрај силното противење на Белата куќа. „Ако заборавиме што се случи ... тогаш ризикуваме тоа да се повтори“, рече водачот на демократите во Домот, Стени Хојер.

Републиканските водачи во Конгресот велат дека е неодговорно да се покренува прашањето сега и да се загрозуваат односите со еден важен сојузник. „Она што се случило пред 90 години треба да биде прашање со кое ќе се занимаваат историчарите, а не политичарите овде во Вашингтон“, рече водачот на републиканците во Домот, Џон Бехнер. (СНН, Ројтерс, АП, АФП - 15/10/07; Ројтерс - 14/10/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's