10/10/2007
ЛОНДОН, Велика Британија -- Косовскиот премиер Агим Чеку во вторникот (9-ти октомври) потврди дека Косово ќе прогласи независност од Србија во рок од неколку дена по крајниот рок на 10-ти декември, ако дотогаш не биде одреден неговиот конечен статус. Чеку го предводеше преговарачкиот тим за статусот на Косово во Лондон, каде што тие се состанаа со британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибенд. „Независно Косово мора да се случи многу брзо по 10-ти декември“, рече Чеку. „Зборуваме за неколку денови, а не недели или месеци. (Teлеграфи, РТК, Танјуг, Косовапрес, АФП - 09/10/07)