07/10/2007
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Претседателот Стипе Месиќ во петокот (5-ти октомври) рече дека на тројцата Хрвати обвинети за воени злосторства -- генералите Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач, обвинети за воени злосторства во врска со операцијата „Бура“ од 1995 година -- треба да им се суди во нивната татковина. Коментарот уследи по контроверзните казни изречени минатата недела за т.н. „Вуковарска тројка“ -- поранешните генерали на Југословенската армија, Миле Мркшиќ, Веселин Шљиванчанин и Мирослав Радиќ. Релативно кусите казни предизвикаа масовни протести кај Хрватите.
Месиќ инсистираше на тоа дека Хрватска има право да побара генералите од операцијата „Бура“ да бидат затворени во Хрватска. Тој рече дека правниот систем на земјата е способен да „ги води дури и најкомлицираните случаи“. Претседателот, исто така, сака „Вуковарската тројка“ да се суди во Хрватска. Во петокот судот во Вуковар издаде потерница по еден од тројцата, Мирослав Радиќ, кој беше ослободен од Трибуналот. (Maкфакс, Б92, Index.hr, ХРT - 06/10/07; Javno.com, Taнјуг, Вечерњи лист, МИА, ХИНА - 05/10/07)