05/10/2007
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Парламентот во четвртокот (4-ти октомври) го одобри владиниот предлог за укинување на задолжителниот воен рок, почнувајќи од 1-ви јануари 2008 година. Првичниот план беше да се укине целосно професионалната армија во 2010 година, но Министерството за одбрана инсистираше тоа да се случи побргу, со цел да се зголемат шансите земјата да биде поканета за влез во НАТО на самитот во Букурешт во април 2008 година. (ХРТ, ХИНА, Ројтерс, Јутарњи лист - 04/10/07)