27/09/2007
СОФИЈА, Бугарија -- Кампањата пред локалните избори на 28-ми октомври започна во четвртокот (27-ми септември). Досега 88 партии и коалиции се регистрираа за учество, додека Централната изборна комисија ги отфрли апликациите на 17 други. Министерот за државна администрација, Николај Василев, рече дека изборите може да чинат повеќе од 18,5 милиони евра, во зависност од бројот на градовите и селата каде што ќе биде потребен втор круг. (Дарик, БГНЕС, Софиска новинска агенција, БНР, Дневник - 27/09/07)