Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Новиот грчки парламент положи свечена заклетва

27/09/2007

АТИНА, Грција - Новиот парламент во средата (26-ти септември) положи свечена заклетва, десет дена по вонредните избори што се одржаа. Владејачката партија Нова демократија сега има 152 места во парламентот, по што следи ПАСОК со 102 места, Комунистичката партија со 22 места, СИРИЗА со 14 места и националистичката партија ЛАОС со 10 места.

Првата седница започна подоцна од планираното поради состанокот на пратениците на ПАСОК, на кој шефот на партијата, Јоргос Папандреу, побара гласање за доверба. Неговиот противкандидат за местото, Евангелос Венизелос, го критикуваше овој потег како напад врз единството на партијата. По вжештената дебата, седницата на ПАСОК заврши без гласање за доверба. (Eтнос, Врадини, Елефтеротипија, Катимерини, Елефтерос - 27/09/07; Sкај, АНА-МПА, ЕРТ - 26/09/07)

Најнови вести

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's