Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Заменик-шефот на УНМИК вели дека ОН ја испитуваат неговата работа во Косово

27/09/2007

ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Заменик-шефот на УНМИК, Стивен Шук, во средата (26-ти септември) рече дека има информации оти Канцеларијата за внатрешна контрола на ОН води истрага за неговото однесување. „Според информациите што успеав да ги добијам, истрагата е поврзана со моето наводно агресивно однесување, непрофесионализам и блиски односи со министерот за енергија, Етем Чеку, и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, и се протега до личните односи што наводно сум ги имал со некои жени од Косово и некои што работат во мисијата на УНМИК“, рече тој на прес-конференцијата во Приштина.

Шук негираше дека е виновен за што било друго освен за тоа што си ја сака работата и е целосно посветен на истата. „Мојата ,вина’ може да се однесува и на фактот што отсекогаш сум ги почитувал луѓето со кои сум работел, меѓу кои е и Харадинај додека беше премиер“, рече тој. „Го почитував неговото однесување кога Хашкиот трибунал објави обвинение против него бидејќи го поддржував организирањето на избори во Косово во тоа време.“ Тој рече дека не планира да поднесе оставка. (Блиц, Б92, Телеграфи, РТК, РФЕ, Танјуг, Косова прес, Косова лајв, Бета - 26/09/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's