Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Холандската полиција уапси осомничен за воени злосторства во Косово

26/09/2007

АМСТЕРДАМ, Холандија -- Иако не го идентификуваше по име, холандската полиција во вторникот (25-ти септември) го објави апсењето на маж кого Србија го бара за воени злосторства. Тој беше опишан само како поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, осомничен за вршење воени злосторства во Косово. Холандскиот суд ќе одлучи дали да му дозволи екстрадиција во Србија.

Во другите вести од вторникот, Министерството за внатрешни работи на Република Српска објави дека има доказ оти бегалецот Стојан Жупљанин бил во Србија и Русија на крајот од минатата година. Жупљанин е еден од четворицата обвинети што ги бара Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг. (Б92, НТВ Хајат, Бета, Фена - 25/09/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's