26/09/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Пратениците во вторникот (25-ти септември) го одобрија прелиминарниот извештај во кој се заклучува дека враќањето на познатата градба позната како „Замокот на Дракула“, било нелегално. Минатата година клучната туристичка атракција му беше вратена на надвојводата Доминик вон Хабзбург, наследник на романското кралско семејство, пет децении откако беше одземен од страна на поранешниот комунистички режим. Предавањето вклучуваше договор според кој тврдината ќе остане музеј во наредните три години.
Во извештајот од вторникот, и покрај тоа што не се оспоруваат правата на сопственост на Хабзбург, се вели дека се направени грешки во процедурата на враќање. Според извештајот, замокот требало да биде префрлен во приватна сопственост пред да им биде вратен на неговите поранешни сопственици. Пратениците, исто така, рекоа дека четири други наследници -- покрај Доминик вон Хабзбург -- имаат право да го наследат имотот. (Гардианул, Nine o'clock - 26/09/07; Hotnews.ro, БИРН - 25/09/07)