06/09/2007
ПРИШТИНА, Косово, Србија -- УНМИК во средата (5-ти септември) објави дека водачот на Сојузот за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, може да учествува на локалните и парламентарните избори во Косово. Нему моментно му се суди во Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг. Портпаролката на Трибуналот, Олга Кавран, за новинарите изјави дека обвинителите се загрижени од намерата на Харадинај да се кандидира на изборите, бидејќи тоа може да доведе до заплашување на сведоците. (РТК, РФЕ, Балканвеб, Топ-ченал - 05/09/07)