05/09/2007
СКОПЈЕ, Македонијa -- Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во вторникот (4-ти септември) рече дека министерството и КФОР потпишаа привремена спогодба за заштита на косовско-македонската граница. Целта на спогодбата, која треба да се спроведе во следните 12 месеци, ќе биде унапредување на соработката и координација во поглед на механизмите на граничната контрола, зајакнување на пограничната безбедност и напорите против шверцот на стока и луѓе.
Во другите вести, ирскиот државен министер за одбрана, Том Кит, во вторникот пристигна во тридневна посета на Косово. Покрај состаноците со официјалните претставници таму, тој ќе ги посети и ирските војници распоредени во КФОР. Ирска неодамна го презеде водството на мултинационалните оперативни сили околу Приштина. (Maкфакс, МРТ, А1 ТВ, Ајриш тајмс - 04/09/07)