Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романија и Молдавија разменија нови изјави околу скандалот со визите

27/08/2007

БУКУРЕШТ, Романија -- Дипломатската расправија помеѓу Букурешт и Кишињев ескалираше изминатиот викенд, при што се вмеша и молдавскиот претседател Владимир Воронин. Расправијата започна пред десет дена, кога молдавскиот заменик-министер за надворешни работи, Валентин Зубриќ, изјави дека претставник на Романскиот конзулат во Кишињев примал мито за издавање визи. Романскиот претседател Трајан Башеску тогаш ја обвини Молдавија за измислување обвинувања.

Воронин возврати во неделата (26-ти август), обвинувајќи ја Романија за иредентизам и обид да ја окупира Молдавија. Тој, исто така, рече дека се противи на отворањето романски конзуларни претставништва во Кахул и Балти. (Hotnews.ro, Nine o'clock, Романија либера, Адеварул - 27/08/07; Радио Слободна Европа, УПИ - 22/08/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's