Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Главниот нигериски дипломат во Грција повика на смиреност помеѓу емигрантската заедница

23/08/2007

AТИНА, Грција -- Главниот нигериски дипломат во Грција, вршителот на амбасадорската функција Мохамед Сани Доле, во средата (22-ри август) го повика своите сонародници да останат смирени, по смртта минатата недела на 25-годишниот нигериски имигрант. Човекот, кој продавал пиратски цедеа во една кафетерија во Солун, скокнал од прозорецот бидејќи претпоставил дека двајцата мажи таму дошле да го уапсат. Инцидентот предизвика серија протести од страна на заедницата на нигерискиот имигрант. Во понеделникот демонстрантите во Солун побараа истрага за инцидентот.

На одделни демонстрации во вторникот, некои во толпата почнаа да фрлаат камења на локалната телевизиска станица, поради што полицијата мораше да употреби солзавец. Доле се состана со началникот на полицијата во средата, по што за новинарите изјави дека е започната истрага и дека во тек се напори за пронаоѓање на двајцата мажи. (Ројтерс, Алфа ТВ, МИA - 22/08/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's