Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Избеганиот косовски затвореник на црните листи на ЕУ и САД

21/08/2007

ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Лирим Јакупи, кој избега од затвор во Косово изминатиот викенд, заедно со шестмина други опасни осуденици, се наоѓа на црната листа на ЕУ од јануари 2005 година, објавија новинските агенции. Член на самопрогласената Албанска ослободителна народна армија, тој, наводно, се наоѓа и на црната листа на САД. Под прекарот „командант Наци“, тој лежеше во затвор во Косово за неколку напади, вклучително и убиство на српски полицаец. Новинската агенција Танјуг објави дека Вашингтон го ставил на црната листа во 2004 година поради неговата улога во судирите со македонските безбедносни сили во близина на Тетово и во скопското предградие Кондово.

Помеѓу бегалците е и Рамадан Шити, саудиски исламски терорист истеран од сопствената земја поради заговорот за атентат на јавни личности. Тој беше уапсен од страна на КФОР во 2005 година за убиство на македонски таксист и, исто така, беше обвинет за бомбашки напад во Скопје.

Во понеделникот Косовската полициска служба побара од Македонија, Црна Гора и Албанија да помогнат во фаќањето на седуммината бегалци. Петмина затворски службеници се во затвор под сомневање дека им помогнале да избегаат. (Танјуг, МРТ, А1, Б92, Бета, БИРН, Макфакс, Тајмс онлајн - 20/08/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's