20/08/2007
ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Седуммина осуденици избегаа од затворот Дубрава -- најголем во Косово -- во саботата (18-ти август), објавија медиумите во неделата. Полицијата вели дека сите избегани се косовски Албанци, осудени за различни кривични дела, вклучително и тероризам, и се сметаат за опасни. Полицијата ја пребара областа во радиус од 10 километри околу затворот и ги зајакна блокадите на патот во близина. Четворица затворски службеници се испитуваат за евентуална помош во бегството. (РТК, РФЕ; Б92, Фонет, Макфакс, A1 - 19/08/07; Teлеграфи - 18/08/07)