14/08/2007
БУКУРЕШТ, Романијa -- Владата, наводно, ќе поднесе меморандум до Европската комисија (ЕК), во кој ќе побара поддршка за фармерите во случаите на природни катастрофи. Адријан Чиочанеа, шеф на Одделот за европски прашања, во понеделникот (13-ти август) за новинарите изјави дека тоа ќе биде општо барање, по временските промени што се очекува да влијаат на посевите во следните години. Министерството за земјоделство ќе ги посочи главните прашања за кои ќе треба брза интервенција и поддршка од ЕК. Чиочанеа вели дека Романија сака да продолжи со системот на директна поддршка за фармерите. (Ромпрес, Девет часот - 14/08/07)