13/08/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Состојбата на готовност воведена изминатиот викенд беше намалена во неделата (12-ти август), објави локалниот печат. Властите го укинаа портокаловиот код во 29 покраини, но го оставија жолтиот код во 29 окрузи. Повеќето состојби на готовност се во Трансилванија, каде што остануваат ризиците од поплави и лизгање на земјиштето. Готовноста беше подигната во саботата, откако поројните дождови ги блокираа патиштата и грмотевиците убија две лица. (Ромпрес, Nine o'clock, Hotnews.ro -13/08/07; Ромпрес - 12/08/07)