02/08/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Владата објави дека петок (3-ти август) ќе биде ден на жалост во Романија, за патријархот Теоктист, поранешен поглаван на Православната црква. Тој почина во понеделникот од компликации со срцето, по операцијата на простата. Патријархот имаше 82 години. Сите важни фигури на Романската православна црква и патријарсите на соседните земји ќе присуствуваат на церемонијата на погребување в петок. Политички фигури, меѓу кои и романскиот претседател Трајан Башеску, исто така, планираат учество. (Ромпрес, Hotnews.ro - 01/08/07)