30/07/2007
САЛЗБУРГ, Австрија -- Балканските земји треба да продолжат со судските и безбедносните реформи ако сакаат сегашните визни ограничувања на ЕУ за нивните граѓани да бидат укинати, рече австрискиот министер за надворешни работи, Урсула Пласник, по состанокот на премиерите од регионот, во саботата (28-ми јули) во Салзбург. „Визите не треба да се укинат без напредок во балканските земји“, рече таа, додавајќи дека регионот не треба да ги спроведува реформите само за да й се додворува на ЕУ.
На конференцијата во саботата учествуваа премиерот Сали Бериша од Албанија, Иво Санадер од Хрватска, Жељко Штурановиќ од Црна Гора и Василе Тарлев од Молдавија, како и Пласник, австрискиот канцелар Алфред Гусенбауер и координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек. (Вијести, Дневни аваз - 30/07/07; MИА, Макфакс, АФП, Хина, Минa - 29/07/07)