Советот за безбедност на ОН остана поделен околу Косово

10/07/2007

ЊУЈОРК, САД -- Советот за безбедност на ОН се состана во понеделникот (9-ти јули) на разговори околу извештајот за Косово на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, но групата остана поделена во однос на прашањето за идниот статус на покраината. Американскиот амбасадор Залмај Калилзад по состанокот рече дека Вашингтон и неговите европски сојузници ќе ја претстават новата четврта нацрт-резолуција за Косово до крајот на оваа недела. „Јас верувам дека следната недела, следните десетина дена, ќе бидат решавачки период“, рече тој. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во понеделникот рече дека неговата земја ќе го спречи усвојувањето од страна на Советот на која било резолуција што не е прифатлива за Србија.

Во меѓувреме, косовскиот премиер Агим Чеку во радио обраќањето од понеделникот рече дека Запад мора да постави јасен краен рок за независноста на Косово. „Претседателот [Џорџ] Буш рече дека еден ден ние ќе треба да кажеме „доста е доста“. Ова „доста“ треба да има датум. Нам ни треба јасен календар, јасен датум и јасен начин за решавање на статусот на Косово“, рече тој. Американскиот помошник државен секретар, Даниел Фрајд, кој во понеделникот беше во Приштина, предупреди дека „унилатералните декларации засновани на заплашувања и недостаток на доверба нема да помогнат за независноста на Косово“. Тој го потврди ставот на Вашингтон да се даде повеќе време за преговорите.

Во другите вести на оваа тема, шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, за време на неговиот редовен брифинг во Советот за безбедност во понеделникот (9-ти јули) рече дека мора да има карта со насоки за решавање на прашањето на статусот на Косово што е можно побргу. Косовските граѓани и политичарите „стравуваат дека процесот на одредување на статусот губи интензитет и дека ќе се поништи, како што се чинеше, неизбежното решение за статусот на Косово“, му рече Рикер на Советот. (Њујорк тајмс, Политика, Блиц - 10/07/07; РТС, Бета, Танјуг, Б92, АП, Ројтерс, ОН Њус центар, УПИ - 09//07/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's