06/07/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Уставниот суд во четвртокот (5-ти јули) донесе одлука со која всушност се блокира историскиот случај на корупција против поранешниот премиер Адријан Настасе и неговата сопруга Дана. Судот се согласи дека според уставот, единствени институции што имаат право да отпочнат судски постапки против владини членови се двата дома на парламентот и претседателот, а не Националниот оддел за борба против корупцијата. Одделот започна истрага за наводите против Настасе откако го напушти премиерското место во 2004 година. Тој беше обвинет за земање мито, уцена и злоупотреба на функцијата. Неговата сопруга беше обвинета за соучество. (Nine o'clock, hotnews.ro, Евениментул Зилеи - 06/07/07, Meдиафакс - 05/07/07)