29/06/2007
БЕЛГРАД, Србија -- Русија, наводно, ја отфрли четвртата верзија од резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Косово, што беше доставена до САД, Велика Британија и Франција во четвртокот (28-ми јуни). Во новата верзија се вели дека е вклучен текст во кој се разјаснува дека Косово претставува уникатен случај, што никогаш не може да се третира како преседан. Русија тврди дека независноста на Косово би можела да ги подгрее сепаратистичките движења насекаде. (Кохајоне, Блиц, Данас, Политика - 29/06/07; Бета, Танјуг, АФП, РТРС, РТК, Телеграфи - 28/06/07)