Бугарија ќе го запраша Буш за предложениот американски систем за противракетна одбрана

06/06/2007

СОФИЈА, Бугарија -- Министерот за надворешни работи, Ивајло Калфин, вели дека официјалните претставници планираат да постават серија прашања во врска со предложениот американски антиракетен одбранбен систем во Источна Европа, кога американскиот претседател Џорџ В. Буш ќе ја посети Софија следната недела. На прес-конференцијата во вторникот (5-ти јуни) Калфин истакна дека одбранбениот систем, кој ќе биде поставен во Чешка и Полска, не ја покрива и Бугарија, оставајќи ја членката на НАТО „помеѓу ракетен штит и растечка тензија во Русија“. Другите теми на дискусијата се очекува да бидат укинувањето на визниот режим за бугарските државјани и напорите за ослободување на петте бугарски медицински сестри од смртната казна во Либија.

Во другите вести, пороен дожд и поплави доведоа до евакуации во областите на Софија, Пловдив и Пазарџик. Рано во средата, поплавите ги принудија властите да затворат делови од големиот Тракиски автопат, како и патот Пазарџик-Панаѓуриште. (Mонитор, Дарик - 06/06/07; веб-страница на бугарската влада, БНР, Медиапул, Дарик, ДПА - 05/06/07)