20/05/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Претседателот Трајан Башеску лесно победи на референдумот за негово отповикување во саботата (19-ти мај) при што анкетите на излезот од гласачките места покажаа дека јавната поддршка на Башеску е скоро 75 отсто. Башеску им се придружи на стотиците негови поддржувачи на главниот плоштад во Букурешт по референдумот, кои повикаа на оставка на премиерот Калин Таричеану. Тој, исто така, вети дека ќе работи на тоа да се спречат олигарсите да ја водат Романија и понатаму. Таричеану рече дека ќе ги почитува резултатите на референдумот и ќе соработува со претседателот. Водачот на Социјалдемократската партија, Мирчеа Џоана, рече дека Башеску „постигнал неславна победа“, со оглед на тоа што само 46 отсто од гласачите учествуваа на референдумот. Парламентот го суспендираше Башеску минатиот месец, што резултираше со распишување на рефендум, откако го обвини претседателот за злоупотреба на неговите уставни надлежности. (Реалитатеа ТВ, Медифакс, Фокус, Ројтерс - 20/05/07; Ројтерс, АП, ДВ - 19/05/07)