05/03/2007
AНКАРА, Турција -- Парламентот ќе го започне гласањето за избор на следниот претседател на земјата на 1-ви мај, според распоредот што беше претставен во саботата (3-ти март) од страна на претседателот на парламентот, Булент Аринч. Ќе се одржат максимум четири круга од изборите и ќе завршат со церемонијата на полагање свечена заклетва на 16-ти мај. Владејачката Партија на правдата и развојот се очекува да го избере премиерот Реџеп Тајип Ердоган за свој кандидат.
Во другите вести од саботата, министерот за надворешни работи, Абдула Ѓул, ги негираше шпекулациите во печатот дека Турција ќе им дозволи на американските сили да ја искористат нејзината територија за напади врз Иран и северен Ирак. На маргините од самитот на Арапската лига во Каиро, Ѓул рече дека Турција „нема да дозволи напад на која било соседна земја од нејзина територија“. (Заман, Хуријет - 05/03/07; AФП, ДПА, САНА - 04/03/07; Турски дневни вести, КУНA - 03/03/07)