Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Рускиот претставник за Косово изјави дека Москва не планира да го искористи правото на вето во Советот за безбедност во врска со косовското прашање

16/02/2007

МОСКВА, Руска федерација -- Амбасадорот Александар Ботсан-Карченко, рускиот претставник за Косово, во четвртокот (15-ти февруари) го критикуваше предлогот на претставникот на ОН Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, велејќи дека истиот треба да претрпи измени. За време на прес-конференцијата во Москва, Ботсан-Карченко рече дека Русија нема да прифати одлука која ќе биде унилатерално наметната против волјата на Србија. Сепак, тој исто така рече дека Русија нема никакви планови да го искористи правото на вето во Советот за безбедност на ОН во врска со ова прашање. „Ветото не претставува цел сама по себе за Русија“, рече тој, додавајќи дека Советот треба да дискутира за новата резолуција за Косово само со одобрение како на Белград, така и на Приштина.

Истиот ден Ахтисари за АП изјави дека смета оти шансите за компромис помеѓу Белград и Приштина се „мали“. Тој додаде дека не е изненаден од резолуцијата усвоена претходно оваа недела од страна на српскиот парламент, со која се одбива планот на Ахтисари како „неприфатлив“. (Данас - 16/02/07; Итар-Тас, Интерфакс, АП, Б92, Танјуг, Бета, РТС, Косова лајв - 15/02/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's