Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Постигнат договор во врска со проектот за нафтоводот Бургас-Александрополис

29/01/2007

СОФИЈА, Бугарија -- Руски, грчки и бугарски експерти за енергија се согласија со текстот на договорот за отпочнување на долго време одолговлекуваниот нафтовод Бургас-Александрополис. Бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Асен Гагаузов, во петокот (26-ти јануари) рече дека двата дена трилатерални консултации што се одржаа во Софија резултирале со текст кој ги задоволува сите три страни. Според извештаите на печатот, Русија ќе има 51 отсто во заедничкото претпријатие што ќе го води проектот и сите објекти поврзани со истиот, додека Бугарија и Грција ќе имаат по 24,5 отсто. Повеќе информации се очекуваат на церемонијата на потпишување, закажана за 7-ми февруари.

Нафтоводот ќе ги поврзува Црното Море и Егејското Море, избегнувајќи ги високите транзитни трошоци преку Босфорот. (Дневник, 24 Часа, Нафтемпорики - 29/01/07; Фокус, АФП - 28/01/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's