Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Европската Комисја им посака добредојде на Бугарија и Романија во ЕУ

29/12/2006

БРИСЕЛ, Белгија -- Во четвртокот (28-ми декември) Европската Комисија им посака добредојде на најновите земји-членки Бугарија и Романија во ЕУ. Овие две земји официјално ќе пристапат кон Унијата во понеделник. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо даде соопштение поздравувајќи ја историската природа на настанот. Високиот претставник за проширување Оли Рен рече дека членството значително ќе го подобри секојдневниот живот на сите Бугари и Романци. Тој и германскиот министер за надворешни работи Франк-Волтер Штајнмаер, чија земја ќе го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ во понеделник, ќе присуствуваат на прославите во Софија и Букурешт. Бугарија и Романија поднесоа апликации за членство во 1995-та година. Нивниот Договор за пристапување беше потпишан во април 2005-та година.

Во четвртокот премиерот Калин Попеску Таричеану се обиде малку да ги намали очекувањата, велејќи дека може да бидат потребни 40 години Романија да ги достигне -- економски и политички -- старите земји-членки на ЕУ. Стабилниот економски раст и политичката стабилност можат да го намалат за половина овој период, додаде тој.(Романија Либера, 24 часа - 29/12/06; БНР, Медиафакс, Медиапул, Ромпррес, ЕК прес рилис, УПИ - 28/12/06)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's