06/11/2006
СКОПЈЕ, Македонија -- Радмила Шеќеринска е новата претседателка на најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), по партискиот конгрес во неделата (5-ти ноември). Таа беше заменик-претседател на СДСМ и поранешна потпретседателка за евроинтеграции. Нејзиниот избор уследи по гласањето недоверба на претседателот на партијата Владо Бучковски, кое беше побарано пред неколку недели поради поразот на СДСМ на изборите во јули. (A1 TВ, Вечер - 06/11/06)