Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ЕУ ги откажа разговорите помеѓу турските и кипарските министри

03/11/2006

БРИСЕЛ, Белгија -- ЕУ ги откажа плановите за состанок помеѓу европските претставници и министрите за надворешни работи на Турција и Кипар. Финскиот министер за надворешни работи, Ерки Туомиоја, чија земја претседава со ЕУ, рече дека договарањето на дводневниот состанок се покажало како невозможно. ЕУ се обиде да најде начин за излез од ќор-сокакот во разговорите за пристап со Анкара. Турција одби да ги отвори своите аеродроми и пристаништа за сообраќајот од членката на ЕУ, Кипар, барајќи најпрво ЕУ да ги укине ограничувањата за трговијата со кипарските Турци.

Кипарската влада веднаш ја обвини Турција за откажувањето и вети дека ќе продолжи да работи за изнаоѓање решение. Турскиот министер за надворешни работи, Абдула Ѓул, од своја страна, ги обвини кипарските Грци за злоупотреба и блокирање на процесот. Во Атина, пак, грчкиот премиер Костас Караманлис во парламентот рече дека е неприфатливо кандидат за ЕУ да одбие да признае некоја земја-членка на ЕУ. Европската комисија ќе издаде извештај за напредокот за Турција следната недела. (Фајненшал тајмс - 03/11/06; AП, Turkishpress.com, Турски дневни вести, ББС, ЕУ Обсервер - 02/11/06)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's