Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Босанската изборна комисии ги потврди резултатите од изборите на 1-ви октомври

29/10/2006

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Централната изборна комисија (ЦИК) во петокот (27-ми октомври) ги потврди резултатите од општите избори на 1-ви октомври. Харис Силајџиќ од Партијата за БиХ (СБиХ) беше избран за бошњачки член на трипартитното претседателство. Жељко Комшиќ од Социјалдемократската партија (СДП) е хрватски член и Небојша Радмановиќ од Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) е српски член. Тие ќе дадат свечена заклетва на 6-ти ноември. Милан Јелиќ од СНСД е нов претседател на Република Српска (РС).

Во Претставничкиот дом на БиХ ќе доминира Бошњачката партија за демократска акција (СДА), СБиХ, СНСД, СДП и коалицијата предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Српската демократска партија (СДС). СДА, СБиХ, СДП и коалицијата предводена од ХДЗ ќе доминираат во парламентот на Федерацијата на БиХ. Во собранието на РС, тоа ќе бидат СНСД, СДС и Партијата за демократски напредок. (Независне новине, Дневни аваз - 28/10/06; РТРС - 27/10/06)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's