12/10/2006
БРАТИСЛАВА, Словачка -- Владата во средата (11-ти октомври) одлучи да го отвори својот локален пазар на труд за Бугарите и Романците, по влезот на нивните земји во ЕУ на 1-ви јануари. Владата во Братислава истакна дека не се очекуваат значителни проблеми, со оглед на тоа што Словачка традиционално не привлекува многу имигранти. Владата вели дека сака да испрати позитивна порака за недискриминација до Бугарија и Романија и другите земји-членки на ЕУ. (Дневник, Адеварул - 12/10/06; БНР, ЦТК, Антена 3 ТВ, Ромпрес - 11/10/06)