Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Трибуналот на ОН го осуди поранешниот претседател на парламентот на босанските Срби

28/09/2006

ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства во средата (27-ми септември) го осуди претседателот на парламентот на босанските Срби за време на војната, на 27 години затвор. Момчило Краишник беше прогласен за виновен по пет точки од обвинението за воени злосторства, но беше ослободен од најсериозното обвинение, геноцид. Во нивната пресуда, судиите велат дека и покрај тоа што злосторствата против муслиманите и Хрватите биле еднакви на геноцид, нема доволно докази да се докаже дека извршителите навистина планирале да го уништат целото несрпско население во областите претежно населени со Срби во Босна и Херцеговина, за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година.

Реакциите на пресудата беа мешани. Претседателот на претседателството на БиХ, Сулејман Тихиќ, Бошњак по националност, рече дека истата „делумно ја задоволува правдата“, додека претседателот на РС Драгач Чавиќ ја доведе во прашање непристрасноста на Трибуналот. (Независне новинe - 28/09/06; АП, Ројтерс, Њујорк тајмс, веб-страница на МКТЈ, РТРС, РТС, Бета, ББС Њус - 27/09/06)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's