27/09/2006
БЕЛГРАД, Србија -- Командантот на Националната гарда на армијата во Охајо, генерал-мајор Грегори Вејт, во вторникот (26-ти септември) пристигна во четиридневна посета на Србија, која ќе се фокусира на стратешкото партнество помеѓу Белград и државата Охајо. Тој најпрво се состана со генерал Здравко Понос, на разговори околу конкретните активности за воена соработка, како што беше предвидено во неодамне потпишаниот билатерален договор.
Во другите вести, српските парламентарни партии во вторникот продолжија со разговорите за новиот устав на земјата. Не беа дадени никакви официјални изјави, но според локалните медиуми, референдумот за новиот устав е можно да се одржи на почетокот од ноември. (Данас - 27/09/06; Бета, Танјуг, Б92 - 26/09/06)