Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Американскиот секретар за одбрана ги посети Црна Гора и Албанија

27/09/2006

ТИРАНА, Албанија -- Американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, во вторникот (26-ти септември) ги посети Црна Гора и Албанија, на разговори околу воената соработка со двете земји и глобалната војна против тероризмот. Во Подгорица премиерот Мило Ѓукановиќ го увери дека Црна Гора е „подготвена да учествува во коалицијата предводена од САД во борбата против терористичката закана кон глобалниот мир“. Рамсфелд, од своја страна, вети американска помош во реформата на црногорските вооружени сили, како и поддршка за кандидатурата на оваа балканска земја за влез во НАТО.

Во Тирана, Рамсфелд доби уверување од министерот за одбрана, Фатмир Медиу, дека Албанија ќе ја задржи својата воена единица во Ирак до крајот на операцијата таму. Во средата Рамсфелд учествуваше на годинешната конференција на министрите за одбрана од земјите во Југоисточна Европа, која се одржа во Тирана. (Побједа, Вијести, Албански вести - 27/09/06; AФП, Ројтерс, АП, веб-страница на албанскиот претседател, Ксинхуа - 26/09/06)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's