26/07/2006
БЕЛГРАД, Србија -- Министерот за внатрешни работи, Драган Јоциќ, во вторникот (25-ти јули) рече дека спроведувањето на владиниот акционен план за соработка со Трибуналот на ОН започна и дека ќе биде формирана комисија до крајот на оваа недела. Јоциќ рече дека Министерството за финансии одвоило преку 574.000 евра како дополнителни средства за судењата на воените злосторства. Тој потврди дека Србија е обврзана да го реши случајот на бегалецот Ратко Младиќ и да го затвори тоа поглавје „за доброто на државата и народот“.
Романскиот претседател Трајан Башеску го повтори овој став за време на состанокот со српскиот колега Борис Тадиќ во Букурешт. Башеску истакна дека Романија целосно ги поддржува српските напори за решавање на случајот на Младиќ, бидејќи тоа ќе ја доближи Србија со ЕУ. Тој и Тадиќ, исто така, разговараа за прашањето на статусот на Косово и се согласија дека до решение мора да се дојде преку дијалог, а не со наметнување. (Блиц, Адеварул - 26/07/06; Танјуг, РТС, Бета, Медиафакс, Ромпрес - 25/07/06)