Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Тихиќ ќе се кандидира за втор мандат како босански член на Претседателството на БиХ

28/06/2006

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Претседателството на главната Босанска партија за демократска акција (СДА) во вторникот (27-ми јуни) едногласно одлучи да го номинира водачот на СДА, Сулејман Тихиќ, за свој кандидат за босански член на трипартитното претседателство на БиХ на општите избори во октомври. Тихиќ со ова ќе се кандидира за втор мандат. Претседателството на СДА, исто така, одлучи да го номинира Адил Османовиќ за претседател на Република Српска.

Во меѓувреме, комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, ја потврди подготвеноста на Унијата за продолжување на поддршката за БиХ. Но, тој, исто така, ги повика политичарите во земјата да бидат одговорни. Во интервјуто за „Дневни аваз“, објавено во средата, Рен ги критикуваше доцнењата во клучните полициски реформи и соработката со Трибуналот на ОН за воени злосторства. (Дневни аваз - 28/06/06; РТРС, Срна, Pincom.info, Фена - 27/06/06)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's