14/05/2006
СКОПЈЕ, Македонијa -- Македонската гранична полиција откри голема количина нелегално оружје во близина на скопското село Блаце во саботата (13-ти мај), објави Министерството за внатрешни работи. Оружјето и експлозивите биле спакувани и скриени во една пештера во регионот, се вели во соопштението на министерството.
Во другите вести, Министерството за внатрешни работи ги негираше шпекулациите во медиумите за евентуална нова закана по безбедноста во врска со наводната концентрација на вооружени етнички Албанци во тетовските села Нераште и Непроштено. Според извештаите во медиумите групата Албанци од Косово сака да ја дестабилизира Македонија пред парламентарните избори на 5-ти јули. Министерството за внатрешни работи вели дека нема разузнавачки информации како потврда на таквите тврдења. (Макфакс, А1 ТВ, Телма ТВ, Вечер - 13/05/06)