02/05/2006
БУКУРЕШТ, Романија -- Околу 1.000 луѓе ги напуштија своите домови кога пукна браната на Дунав во близина на Мацесу де Јос во понеделникот (1-ви мај). Од надојдените води беа поплавени околу 400 домови. Протекот на Дунав изнесуваше 13,3 кубни метри во секунда во понеделникот, двојно повеќе од вообичаените количини за овој период од годината. Пред две недели реката достигна рекорден прилив од 15,9 кубни метри. Околу 16.000 луѓе беа евакуирани досега, додека само 2.000 се вратија во нивните домови. Романскиот Црвен крст упати меѓународен апел во понеделникот за хуманитарна помош. Во соседна Бугарија властите започнаа голема акција за расчистување на градовите и селата долж реката Дунав. (Девет часот - 02/05/06; AФП, Ројтерс, Ромпрес - 01/05/06)