30/03/2006
СКОПЈЕ, Македонија -- Парламентот во средата (29-ти март) го усвои новиот изборен законик на земјата, кој се смета за еден од главните предуслови за фер и демократски избори подоцна оваа година. Законикот, помеѓу другите работи, предвидува изборот на седумчлената Државна изборна комисија (ДИК) да го врши парламентот, на предлог на опозицијата. Членовите на ДИК ќе бидат назначувани со петгодишен мандат, со можност за реизбор. Новиот законик, исто така, предвидува и реструктуирање на општинските изборни одбори, кои ќе вклучуваат и тројца претставници од јавната администрација - еден од владејачката партија и еден од најголемата опозициска партија.
Исто така, во средата во Скопје завршија дводневните разговори за либерализација на визниот режим со ЕУ за македонските граѓани. Скопје, од своја страна, го наведе напредокот постигнат во реформата на секторот за внатрешни работи и судстовото. ЕУ не објави никаква одлука. (веб-страница на македонската влада - 30/03/06; Телма ТВ, А1 ТВ - 29/03/06)