Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Земјите од Западен Балкан усвоија нова стратегија за азил, миграција и визи

15/12/2005

БРИСЕЛ, Белгија -- Претставници на владите од пет западнобалкански земји -- Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Хрватска, Македонија и Србија и Црна Гора -- усвоија нова стратегија за азилот, миграцијата и визната политика, на конференцијата организирана од страна на Европската комисија во средата (14-ти декември) во Брисел. Состанокот се одржа во рамките на програмата КАРДС на ЕУ за помош на реконструкцијата, развојот и стабилизацијата на заедниците. Заменик-министерот за одбрана, Драган Мектиќ, рече дека новата стратегија има за цел хармонизација на соодветните законски рамки во петте земји со стандардите на ЕУ, што, пак, од своја страна, треба да води кон либерализација на визниот режим во иднина.

Во другите вести, во четвртокот во Охрид започна дводневниот состанок на претседателите на Бугарија, Србија и Македонија. Тие разговараат за прашања поврзани со регионалната соработка, инфраструктурните проекти во пограничните региони и разговорите за статусот на Косово. (Дневни аваз, Макфакс, БНР - 15/12/05; Aлбански вести - 14/12/05)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's