17/10/2005
АТИНА, Грција -- Силен земјотрес потресе делови од Грција и Турција во понеделникот (17-ти октомври), но нема извештаи за евентуални жртви ниту, пак, за сериозна штета. Земјотресот, кој беше со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, беше почувствуван во западна Турција, меѓу другото и во Измир, третиот по големина град во земјата, како и на грчките острови Самос, Икарија и Чиос. (Ројтерс - 17/10/05)