17/10/2005
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Владо Бучковски во неделата (16-ти октомври) ја започна тридневната работна посета на Холандија, за време на која ќе се состане со високи владини претставници и бизнисмени. На агендата доминираат прашањата поврзани со кандидатурата на Македонија за евроатланска интеграција, како и билатералната економска соработка.
Во другите вести, Македонија и Унгарија потпишаа договор за билатерална соработка во областа на животната средина за време на посетата на унгарскиот министер за животна средина, Миклос Персањи, на Скопје. Тој, исто така, вети дека Унгарија ќе й помогне на Македонија и во процесот на интеграција во ЕУ. (веб-страница на македонската влада, Макфакс - 17/10/05; Утрински весник - 15/10/05)