17/10/2005
ТИРАНА, Албанија -- Властите, наводно, го поништија договорот за приватизација на 76 отсто од фиксниот оператор „Албтелеком“. На крајот од минатата недела парламентот не го ратификува договорот за продажба, потпишан со турскиот конзорциум во средината на јуни. Според извештаите во медиумите законодавниот дом - во кој Демократската партија има мнозинство - одби да го одобри договорот потпишан со турското претпријатие „Телеком-Чалик Енерџи“ од страна на поранешната влада која ја водеа социјалистите. Социјалистите (СП) се спротивставија на поништувањето, истакнувајќи дека договорот е спроведен под надзор на консултанти од Запад и е одобрен од Светската банка.
Во другите вести, скоро една третина од раководството на СП беше сменето во саботата (15-ти октомври) на седницата на Генералниот управен комитет. Реконструкцијата беше извршена на барање на новиот претседател на СП, Еди Рама, кој рече дека на партијата й се потребни сериозни реформи по нејзиниот пораз на парламентарните избори во јули. (Aлбански вести - 16/10/05; ББС Њус, УПИ - 14/10/05)