17/10/2005
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Парламентот во петокот (14-ти октомври) едногласно ја усвои резолуцијата за стратегиските принципи на земјата во преговорите за пристапување со ЕУ. Во резолуцијата се вели дека треба да се стори сé за да се осигури влезот на Хрватска во ЕУ пред 2009 година и дека хрватските преговарачи мора да побараат најдобри можни услови за усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ.
Во меѓувреме, изминатиов викенд Министерството за внатрешни работи објави дека се спречени околу 58.000 случаи на илегална миграција во текот на изминатите пет години. Портпаролот на министерството, Јосип Параџик, рече дека во повеќето случаи се работи за Албанци и косовски Албанци. (Вечерњи лист - 16/10/05; ХИНА, ХИЦ - 14/10/05)