17/10/2005
БЕЛГРАД, Србија и Црна Гора -- Високиот претставник Педи Ешдаун ги негираше шпекулациите дека Република Српска (РС) би можела да биде укината, велејќи дека таквите гласини се бесмислени. Во интервјуто за српската државна телевизија РТС во неделата (16-ти октомври) Ешдаун рече дека постоењето на ентитетот на босанските Срби е загарантирано со Дејтонскиот мировен договор и дека оваа одредба не може да се промени ако луѓето во РС не го сакаат тоа.
Во другите вести, полицијата во Бања Лука откри синџир за фалсификување за време на рациите во неколку приватни претпријатија и домови. Исто така, беше запленето и нелегално оружје. Полицијата вели дека групата била поврзана со онаа што неодамна беше откриена и која се занимаваше со трговија со украдени автомобили во ентитетот на босанските Срби. (РТС, РТРС, Независне новинe - 16/10/05; РТРС, НТВ Хајат - 15/10/05)